Murat Temizer
17 Ноември 2021•Ажурирај: 18 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез, изјави дека Турција на својата флота од бродови меѓу кои „Фатих“, „Јавуз“ и „Кануни“, го додала четвртиот сондажен брод за дупчење, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во споделената инфографика на неговиот профил на Твитер, тој нагласи дека новиот брод долг 238 метри и широк 48 метри е со вкупна тежина од 68.000 тони и има максимална длабочина на дупчење од 12.200 метри.
Бродот, со напредна технологија од седмата генерација, има максимален капацитет за работа во длабочина од 3.600 метри, висина на кула од 104 метри и капацитет за екипаж од 200.
Турција моментално извршува операции во Црното Море и Средоземното Море со три брода за дупчење и два брода за сеизмички истражувања.