Tuğba Altun
18 Јануари 2024•Ажурирај: 18 Јануари 2024
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, телефонски разговараше со министрите за надворешни работи на Пакистан и Иран, Халил Абас Џилани и Хусеин Емир Абдулахијан, пренесува Анадолу.
Дипломатски извор соопшти дека шефот на турската дипломатија разговарал за актуелните настани во регионот со неговиот пакистански и ирански колега во услови на зголемени тензии меѓу Исламабад и Техеран.
Истиот извор јавува дека Фидан за време на разговорот ги повикал двете страни на умереност и да се избегне предизвикување нови проблеми во регионот.
Џилани и Абдулахијан, исто така, рекоа дека не сакаат тензиите да ескалираат.