Büşra Nur Çakmak
21 Јануари 2026•Ажурирај: 22 Јануари 2026
АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, ќе присуствува на церемонијата за потпишување на иницијативата наречена „Одбор за мир“ за Газа во Швајцарија, се вели во официјалното соопштение денес, јавува Анадолу.
Хакан Фидан ќе присуствува на церемонијата овој четврток во име на претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопшти Министерството за надворешни работи.
Минатата недела, Белата куќа објави дека ќе се формира Одбор за мир, заедно со одобрувањето на Национален комитет за администрација на Газа, едно од четирите тела назначени да управуваат со преодната фаза во енклавата.
Создавањето на Одборот се совпадна со започнувањето на втората фаза од договорот за прекин на огнот со кој се запре војната на Израел во Газа, во која се убиени повеќе од 71.000 Палестинци, а над 171.000 се повредени од октомври 2023 година.
Иницијативата е дел од планот од 20 точки предложен од Трамп и усвоен како резолуција на Советот за безбедност на ОН од минатиот ноември.