Sarp Özer,Muhammed Nuri Erdoğan
05 Октомври 2023•Ажурирај: 06 Октомври 2023
АНКАРА (АА) - Министерот за национална одбрана на Туркије, Јашар Ѓулер, се состана со министерот за одбрана на Ирак, Сабит Абаси, пренесува Анадолу.
Информацијата преку соопштение ја потврди турското Министерство за национална одбрана.
Абаси, кој реализира официјална посета на Туркије по покана на Ѓулер, беше пречекан со воена церемонија во Анкара.
Двајцата министри одржаа тет-а-тет средба, по која следуваше состанокот на делегациите на двете земји.

На овој состанок се разговарало за билатералната соработка, регионалната воена соработка, како и соработката во областа на индустријата.
Ѓулер на состанокот рече дека Ирак и Туркије, кои имаат цврсти историски и социјални врски, се две соседни и пријателски земји што живеат во овој регион.
Тој укажа на важноста за понатамошно унапредување на соработката преку заеднички чекори што може да се направат во насока на борбата против тероризмот и граничната безбедност.
Ѓулер изрази задоволство што во Туркије го пречека својот колега Абаси. Турскиот министер упати сочувство до ирачкиот народ поради загинатите во пожарот во Мосул.