Burcu Çalık
31 Март 2019•Ажурирај: 02 Април 2019
АНКАРА
Турските вооружени сили (ТСК) извршија воздушни операции во северниот дел на Ирак, во чии рамки се погодени цели на терористичката организација ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, ТСК извршија воздушни операции во подрачјето на Метина и Зап, кои се наоѓаат во северниот дел на Ирак.
Во рамки на операциите уништени се целите на сепаратистичката терористичка организација ПКК кои биле користени како упоришта, засолништа, магацини за муниција и оружја.