Barış Gündoğan
16 Април 2019•Ажурирај: 17 Април 2019
АНКАРА
Турските вооружени сили (ТСК) извршија воздушна операција во северниот дел на Ирак, во чии рамки се погодени цели на терористичката организација ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, објавено на Твитер, турските сили извршиле воздушна операција во подрачјето Метина, кое се наоѓа во северниот дел на Ирак.
Во рамки на операцијата уништени се целите на сепаратистичката терористичка организација ПКК кои биле користени како упоришта, засолништа, магацини за муниција и разни видови оружје.