Sarp Özer
03 Ноември 2021•Ажурирај: 04 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - САРП ОЗЕР -
Вооружените сили на Турција (ТСК) од почетокот на годината досега неутрализираа 236 терористи припадници на терористичката организација ДЕАШ во северниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од изворите на Министерството за национална одбрана на Турција, турските сили продолжуваат со борбата против сите терористички организации, пред сѐ ФЕТО, ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ.
Се истакнува дека турските војници една по друга ги погодуваат и неутрализираат терористичките цели.
Според соопштеното, турските вооружени сили се единствена војска која на терен „лице в лице“ води борба против ДЕАШ, додека во северниот дел на Сирија ја продолжува својата борба против терористичките организации.
Се нагласува дека од почетокот на 2021 година досега неутрализирани се 236 терористи припадници на терористичката организација ДЕАШ како резултат на операциите извршени во северниот дел на Сирија.