Esin Işık
10 Август 2020•Ажурирај: 11 Август 2020
АНКАРА
Турските сили во воздушни операции спроведени во рамките на операцијата Канџа-Тигар неутрализираа 6 милитанти на терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение објавено на Твитер ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во соопштението се вели дека операциите против терористичката организација ПКК продолжуваат без прекин.
„Во воздушни операции во рамките на операцијата Канџа-Тигар која се реализира во подрачјето на Хафтанин во северниот дел на Ирак, неутрализирани се 6 терористи на ПКК“, се вели во соопштението.