Mümin Altaş
09 Октомври 2020•Ажурирај: 10 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција нагласи дека Ерменија продолжува да извршува воени злосторства и злосторства против човештвото, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека Ерменија продолжува да ги напаѓа цивилните населби во Азербејџан - Горанбој, Тертер, Агдам и Фузули.
„Ерменија, која се обидува војната од Карабах да ја пренесе во цивилните населби, извршува воени злосторства и злосторства против човештвото“, се нагласува во соопштението на турското Министерство за одбрана.