Ayşe Doğru
30 Јануари 2018•Ажурирај: 31 Јануари 2018
АНКАРА (AA) – Министерството за надворешни работи на Република Турција побара појаснување од Русија во врска со терористот Михрач Урал, кој денеска се појави на Конгресот во рускиот град Сочи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од дипломатски извори, турската делегација која учествуваше на денешниот Конгрес на национален дијалог на Сирија, примети дека меѓу учесниците се наоѓа лидерот на терористичката организација ТХКП-Џ Михрач Урал, инаку одговорен за терористичкиот напад во 2013 година во Рејханли, кај турскиот град Хатај, во кој загинаа најмалку 52 лица.
Потоа, турската делегација упати иницијатива на министерствата за надворешни работи и одбрана на Русија, во кои е побарано појаснување во врска со учеството на Унал на Конгресот во Сочи, со оглед дека се работи за име кое претходно не е повикувано на преговори.
Турција изрази и незадоволство поради појавувањето на Унал во Сочи, додека од руска страна е наведено дека овој случај ќе биде детално истражен.