Seyit Ahmet Aytaç
10 Септември 2018•Ажурирај: 11 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Tурското Обвинителство издаде налози за апсење на 89 активни и поранешни припадници на Војската поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, која стои зад обидот за државен удар на 15 јули 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителството во Истанбул соопшти дека лицата за кои се издадени налозите за лишување од слобода се товарат за комуницирање и поврзаност со припадници на ФЕТО.
Во полициските операции досега од слобода се лишени 56 осомничени.
Терористичката организација ФЕТО, на чело со Фетула Ѓулен, е одговорна за обидот за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, во кој беа убиени 251, а ранети над 2.200 лица.