Muhammed Furkan Güneş
15 Август 2017•Ажурирај: 15 Август 2017
ШИРНАК (АА) - Во акциите против терористичката организација ПКК извршени во турската област Ширнак, југоисточна Анадолија, беа уапсени 30 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Од канцеларијата на гувернерот на Ширнак издадено е соопштение дека полициските тимови извршиле акции против лица осомничени дека припаѓаат на ПКК.
Акциите истовремено се извршени на неколку адреси во Џизре, Силопи и во Идил.