Ahmet Kaplan
13 Август 2021•Ажурирај: 13 Август 2021
ДИЈАРБАКИР
Во акција против терористичката организација ПКК, извршена во Дијарбакир, на југоисточниот дел на Турција се приведени 59 осомничени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Екипите на Одделот за борба против тероризмот на Министерството за внатрешни работи на Турција, во координација со Обвинителството во Дијарбакир, покренаа акции за да приведат 88 лица кои дејствуваат во име на ПКК или оваа терористичка организација ја поддржуваат на социјалните мрежи.
Во акцијата организирана на 104 адреси, уапсени се 59 осомничени, а запленети се неколку парчиња оружје, муниција и големо количество дигитален материјал и документи.
Се трага по 29 осомничени.