Şener Toktaş
08 Јуни 2021•Ажурирај: 11 Јуни 2021
БИТЛИС (АА) - Во областа Татван во градот Битлис, одгледувачи на животни со затоплување на временските услови своите стада започнаа да ги носат на висорамнините на планината Немрут, јавува Агенција Анадолија (АА).
Одгледувачите од селото Кијидузу во текот на летото со првата светлина на денот својот ситен добиток го носат во висорамнините со плодни пасишта.

Стадата со ситен добиток преку ден пасат на висорамнините, кои се издвојуваат по чистиот воздух и богатата вегетација. Во вечерните часови се враќаат во селото и се молзат.
После молзењето, повторно се носат на висорамнините на планината Немрут. Прашината создадена од движењето на стадата на зајдисонцето создава прекрасни глетки.

Тешкото патување на стадата овци и кози до висорамнините, оддалечени 6 километри, снимено е со дрон.