Sadrettin Kaya
05 Февруари 2018•Ажурирај: 05 Февруари 2018
ВАН (АА) - Во турската област Ван се преврте патнички автобус. Во несреќата животот го загубија 2 лица, додека 22 лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, автобусот кој сообраќал на релацијата Ерџиш-Ван излетал од патот.
Во несреќата две лица ги загубија животите, а дваесет и двајца повредени патници се префрлени во болниците во Ван.