Muhammed Nuri Erdoğan
05 Февруари 2020•Ажурирај: 07 Февруари 2020
ВАН (АА) - Извлечено е уште едно безживотно тело затрупано во лавината која падна во подрачјето на Бахчесарај во турската област Ван, со што вкупниот број на загинати во оваа несреќа се искачи на 41 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во тек се операциите за пребарување и спасување на останатите кои сѐ уште се затрупани под оваа лавина.
Тимовите на АФАД и жандармеријата извлекоа уште едно безживотно тело затрупано под лавината.
Операциите во ова подрачје продолжуваат.