Başak Akbulut Yazar
07 Септември 2021•Ажурирај: 08 Септември 2021
ИЗМИР / ИСТАНБУЛ
Најмалку 137 припадници на терористичката организација ФЕТО се приведени денес откако турските власти издадоа налози за барање за 214 лица поради наводи дека се поврзани со терористичката организација, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Започнати се операции во 41 област и во Турската Република Северен Кипар за да се фатат осомничените кои се на должност или отпуштени војници“, вели безбедносен извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Потрагата по осомничените е започната откако обвинителите во западната провинција Измир побараа нивно приведување како дел од истрагата за инфилтрацијата на ФЕТО во Турските вооружени сили.
Осомничените биле откриени дека комуницирале со членовите на групата преку фиксни телефонски линии и телефонски говорници, а некои од нив при испитувањето признале дека се припадници на ФЕТО.
Одделно, започна операција со седиште во Истанбул низ осум области за приведување на 15 припадници на ФЕТО осомничени за тероризам, вклучувајќи наставник, адвокат и истражувач. Откриено е дека ја користеле шифрираната апликација за пораки на терористичката група, „БајЛок“.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а повредени беа 2.734 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.