Aylin Sırıklı,Barış Kılıç
16 Јули 2016•Ажурирај: 17 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Во контекст на истрагата иницирана од Главното обвинителство во Анкара во врска со обидот за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО, приведени се членови на Врховниот суд и Високиот совет на судии и јавни обвинители, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Главното обвинителство на Анкара, во рамките на истргата, под обвинение за членување во терористичка организација, беа приведени 11 члена на Врховниот суд, додека за 140 членови на истото тело беше издадена наредба за приведување. За пет членови на Високиот совет на судии и јавни обвинители е донесена одлука за притворање, а четворица од нив се приведени.
Донесена е одлука и за приведување на 48 членови на Државниот совет.