Rauf Maltaş
22 Мај 2017•Ажурирај: 23 Мај 2017
ШАНЛИУРФА (АА) - Во Шанлиурфа се запленети 90 монети, од кои 52 сребрени од римскиот и од хеленистичкиот период, кои требало да бидат прокриумчарени, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимот за безбедност на аеродромот „ГАП“, во торбата на Сириецот Шекер Адаја забележал предмети од историска важност.
Локалната полиција го приведе Сириецот во чија торба се пронајдени и 38 бакарни монети.
Запленетите предмети се предадени на управата на Музејот во Шанлиурфа.
Приведеното лице планирало да отпатува во Истанбул, а од таму во Русија.