Faruk Zorlu
24 Мај 2019•Ажурирај: 25 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција и Казахстан ќе работат заедно за подобрување на односите на секое поле, јавува Anadolu Agency (AA).
„Двете земји треба да ги зголемат нивните заеднички инвестиции, особено во секторите на транспорт, култура и образование“, изјави Чавушоглу на заедничката прес-конференција со неговиот казахстански колега, Бејбут Атамкулов, во Нурсултан (поранешна Астана).
„Двете земји имаат значаен потенцијал во понатамошно зајакнување на економската соработка“, нагласи Чавушоглу.
Чавушолу нагласи дека моменталниот трговски волумен изнесува 3 милијарди долари, додавајќи дека Турција и Казахстан треба да продолжат да работат заедно кон зголемување на оваа бројка.
Тој ги даде овие изјави по 5. состанок на Заедничката група за стратешко планирање на Турција и Казахстан, на којшто двете земји дискутираа за билатералните односи, особено во економијата, и за регионални прашања.
„Состанокот на Заедничката економска комисија на Турција и Казахстан треба да биде одржан што е можно поскоро во престојниот период“, изјави Чавушоглу.
Исто така, осврнувајќи се на терористичката организација ФЕТО и на нејзините структури во многу земји, шефот на турската дипломатија нагласи дека по неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, првата претседателска посета на Турција била од тогашниот казахстански претседател, Нурсултан Назарбајев.
Казахстанскиот министер за надворешни работи, Бејбут Атамкулов, изјави дека билатералната трговија помеѓу Казахстан и Турција се зголемила за 50 отсто, на 632 милиони долари во првиот квартал од оваа година, во споредба со истиот период минатата година.
Тој ја истакна потребата за зголемување на билатералниот обем на трговија до 5 милијарди долари, што беше утврдено од претседателите на двете земји.