Fatma Zehra Solmaz
03 Септември 2026•Ажурирано: 03 Септември 2026
Турскиот министер за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар разговараше со либанскиот министер за енергетика и води Џозеф Сади за зајакнување на поврзаноста во областа на електричната енергија, нафтата и природниот гас, како и за проширување на сеопфатната енергетска соработка меѓу двете земји, јавува Анадолу.
Бајрактар во објава на американската платформа за социјални медиуми X наведе дека во Министерството се сретнал со Сади и делегацијата што го придружувала.
Двајцата министри сеопфатно разговарале за зајакнување на регионалната поврзаност во областа на електричната енергија, природниот гас и нафтата, како и за потенцијалните проекти за соработка во секторите на нафтата и природниот гас.
„Турција е подготвена да ги сподели со Либан своето искуство, знаење и капацитети во енергетскиот сектор и дополнително да ја зајакне енергетската соработка меѓу нашите земји преку проекти што ќе ги развиваме врз основа на заемна корист“, рече Бајрактар.