Erdoğan Çağatay Zontur
01 Февруари 2019•Ажурирај: 01 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Турските обвинители денес издадоа налози за приведување на 14 поранешни воени службеници поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Налозите за приведување се издадени од Канцеларијата на јавниот обвинител во Анкара, како дел од тековната истрага за инфилтрирањето на групата во турската Армија“, вели полициски извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Осомничените лица, од кои 11 пилоти, се персонал на Турските воздушни сили.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.