Mehmet Akif Parlak
15 Јули 2021•Ажурирај: 16 Јули 2021
ГАЗИАНТЕП (АА) - Посетителите во Зоолошката градина во Газиантеп денес беа евакуирани откако лав излезе од својот кафез, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лавот излегол од својот кафез откако повредил вработен во Зоолошката градина.
Посетителите во Зоолошката градина беа евакуирани откако чуварите алармираа за настанатата ситуација.
Голем број медицински, полициски и противпожарни екипи се упатија кон Зоолошката градина, која беше затворена за влез и излез.
Се дознава дека лавот е неутрализиран.
Вработениот кој е повреден од лавот е префрлен на лекување во Универзитската болница „Шахинбеј“ во Газиантеп и е во добра состојба.
Откако ситуацијата беше ставена под контрола, Зоолошката градина повторно почна да прима посетители.
Во меѓувреме, Општина Газиантеп соопшти дека еден од лавовите го повредил својот негувател како резултат на негово моментално невнимание при хранењето на лавовите.
„Ситуацијата е под контрола. Здравјето на нашиот вработен е добро. Нашата зоолошка градина продолжува со вообичаената работа“, се наведува во соопштението.