Ömer Olcay
04 Јуни 2021•Ажурирај: 05 Јуни 2021
АНКАРА
Еден од тројцата неодамна неутрализирани терористи на ПКК на југоисточниот дел на Турција, се наоѓаше на листата на најбарани лица, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хикмет Гезичи, под кодно име „Ериш Гарзан“, е терористот одговорен за ранување и убиство на неколку лица, а по него беше распишана сива потерница.
Потерниците во Турција се поделени во пет категории по бои, од кои лицата со црвена потерница се најбарани, а следуваат сина, зелена, портокалова и сива.
Терористите се неутрализирани вчера за време на операцијата „Ерен-11“ во областа Битлис.
Операцијата „Ерен“ наречена по Ерен Булбул, 15-годишното момче кое терористите на ПКК го усмртија на 11 август 2017 година, започна во јануари оваа година со цел елиминација на сите терористи во Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 45.000 луѓе, меѓу кои има и жени и деца.