Ayşe Yıldız
09 Ноември 2021•Ажурирај: 10 Ноември 2021
АНТАЛИЈА (АА) - АЈШЕ ЈИЛДИЗ -
Постои голема побарувачка за Турција, не само за организирање индиски свадби, туку и за други високобуџетни прослави, како што се родендени, меден месец, свадбени годишнини, пишува Агенција Анадолија (АА).
Анталија, со своето море, песок, плажи, историски, културни вредности и здрав туризам е еден од најпреферираните региони за одмор од страна на туристите, а исто така се претпочита и за специјални настани како што се свадби, меден месец и родендени.
Во Анталија и покрај епидемијата, туристичката активност продолжува. Анталија досега ја посетија 8,5 милиони туристи. Градот привлекува внимание и во него се организираат настани како што се состаноци, конгреси, конференции, свадби, меден месец, родендени и свадбени годишнини.
Деловните луѓе, уметниците или директорите на компании од одредени земји, особено Русија и Индија, за специјални прослави ја претпочитаат Турција, главно главниот град на туризимот Анталија, како и Истанбул и Мугла.
Неџип Фуат Ерсој, еден од партнерите на Меѓународниот форум за состаноци и свадби (International MICE&Wedding Forum-IMWF'21), за АА изјави дека Анталија покрај масовниот туризам, привлекува внимание и за прослави и групни настани.
„Од Индија има голема побарувачка за свадби од бајките што траат 3 дена и 3 ноќи. Го чекаме почетокот на редовните летови со Индија за да им излеземе во пресрет“, нагласи Ерсој, додавајќи дека со преземените мерки може подобро да се управува со епидемискиот процес.
- „За еден роденден дојдоа 13 музички уметници“ -
Истакнувајќи дека за време на епидемијата морале да ги одложат свадбите, Ерсој вели:
„Има голема побарувачка не само за свадби, туку и за различни настани. Ние сме домаќини на многу богати важни имиња од Русија, Индија и други земји за прослави како што се родендени, годишнини од свадби и меден месец. Неодамна, за роденденот на еден висок раководител од Русија угостивме 80 лица. На прославата учествуваа 13 музички уметници. Успешно ја завршивме организацијата. Беа задоволни, сакаат пак да дојдат. Тоа беше задоволство и спомен и за личноста што го славеше роденденот и за тие што беа поканети на прославата. Турција навистина стана омилена за настани како што се свадби, родендени, меден месец, свадбени годишнини, покрај масовниот туризам.“
Ерсој истакна дека гостите што присуствувале на прославите заминуваат задоволни и повторно доаѓаат со семејството или пријателите за одмор.
Наведувајќи дека Турција е важна дестинација не само во Медитеранот, туку и во светот, Ерсој рече: „Во оваа смисла, нашето искуство е многу високо, квалитетот на нашите капацитети и услугата се на сериозно ниво. Ние нудиме квалитетни 'all inclusive' пакети, што не можете да ги најдете никаде на друго место во светот.“
Додавајќи дека имаат интензивни маркетинг-активности во странство, Ерсој рече дека можат да допрат до 40 милиони луѓе во 110 земји само преку социјалните мрежи.