Fatma Bülbül
18 Јули 2016•Ажурирај: 19 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Република Турција соопшти дека во рамките на истрагата за обидот за државен удар до сега од должност разреши 8.777 службеници од ова министерство, јавува Anadolu Agency (AA).
Вкупно 8.777 лица од персоналот беа отпуштени од своите должности, вклучувајќи 30 гувернери, 52 цивилни инспектори и 16 правни советници, вели Министерството за внатрешни работи.
Повеќе од 6.000 осомничени лица се уапсени поради поврзаност со државниот удар што се случи во петокот, вклучувајќи воени фигури и судии
Тие се обвинети поради поврзаност со Фетулах Ѓулен, кој престојува во САД. За него се вели дека води долготрајна кампања против владата преку поддржувачи во рамките на Турција.
Ѓулен е главниот осомничен во двете истраги спроведени од страна на обвинителите на Истанбул за обидот за државен удар, изјавија судските извори за АА вчера, под услов на анонимност поради својата ограниченост за контакт со медиумите.