Merve Yıldızalp
01 Август 2021•Ажурирај: 05 Август 2021
АНКАРА
Во последните 12 часа почувствувани се 131 земјотрес во Егејското Море во близина на местото Датча, во турската област Мугла, известува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на Турција (АФАД) објави информации во врска со земјотресите почувствувани во Егејското Море во близина на местото Датча.
Во соопштението се наведува: „Во Егејското Море, во близина на местото Датча, во турската област Мугла, почувствувани се 131 земјотрес во последните 12 часа. Земјотресните активности во нашата земја и нејзината блиска околина се следени 7/24 од страна на нашето претседателство.“