Cankut Taşdan
07 Ноември 2019•Ажурирај: 08 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Турската полиција приведе најмалку 17 странски државјани поради сомнеж дека се поврзани со терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите кои ги доби АА, припадниците на турската полиција во Анкара, од Одделот за борба против тероризам, им влегле во трага и ги следеле странските државјани поради сомнеж дека се поврзани со ДЕАШ.
Потоа е извршена акција во која се приведени најмалку 17 лица.
Неведено е дека осомничените ја поминале лекарската контрола и дека во тек е криминалистичката обработка.