Hanife Erdinç
19 Септември 2016•Ажурирај: 20 Септември 2016
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Тимови на турската крајбрежна стража фатиле 61 мигрант кои од Ајваџик, во северозападниот дел на Турција, илегално се обиделе да дојдат до грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимовите за време на редовните патроли во морето кај областа Сивриџе забележале мал гумен чамец.
Фатените мигранти по потекло се од Авганистан, Пакистан и од Непал, а меѓу нив има жени и деца. Мигрантите биле транспортирани до брегот, од каде што биле испратени до локалната канцеларија за враќање на странци.
На мигрантите им било дадено облека и обувки, како и храна и вода.