Mümin Altaş
28 Ноември 2020•Ажурирај: 30 Ноември 2020
АНКАРА
Во Турција се фатени тројца припадници на терористичката организација ФЕТО кои се обиделе илегално да преминат во Грција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
„Три лица кои на се обиделе на илегален начин да преминат од Турција во Грција, се фатени на границата во Ипсала, Едерне, од страна на нашите гранични сили“, се нагласува во ова соопштение.
„Откриено е дека овие три лица кои се предадени на Жандармериската команда во Мерич, се судени поради членство во терористичката организација ФЕТО“, се додава во соопштението.