Ekipa
08 Октомври 2017•Ажурирај: 09 Октомври 2017
АДАНА (АА) - Инженерот по шумарство, Исмаил Јанаратеш, одгледува необично овошје и зеленчук во облик на срце, коцки или ѕвезда и ги подготвува првите берби за извоз во Италија и во Катар, јавува Anadolu Agency (AA).
Јанаратеш е земјоделец од Турција, кој минатата година засади лубеници во облик на срце и коцка, а со изработката на нови пластични калапи, оваа година го унапреди производството на необични јаболка, лимони, домати и краставици.

Овој инженер во разговор за АА рече дека лубениците во облик на срце и коцки ќе бидат пласирани на пазарите во Турција, Италија, Катар, Русија и во некои други земји од каде што веќе се јавиле заинтересирани продавачи.
„Овошјето во облик на срце конкретно ќе може да се користи како подарок, и во туристичкиот сектор. Овие лубеници ќе ги красат и излозите во продавниците. Луѓето со букет цвеќе изразуваат љубов, а сега тоа ќе можат да го направат и со плодовите во облик на срце“, рече Јанаратеш.
Тој додаде дека целото негово семејство се занимава со земјоделство.