Sinan Özmüş
08 Април 2018•Ажурирај: 09 Април 2018
АНТАЛИЈА (АА) - Во јужниот турски град Анталија денес се отвори Првиот Меѓународен фестивал на цвет од портокал, а за украсување на градот се искористени 50 тони цитрусни плодови, јавува Anadolu Agency (AA).
Фестивалот се одржува во централниот парк „Докума“ и ќе трае до 12 април.
Организаторите, од портокали, цитрони и лимони изработија макети на симболите на Анталија, како што се минарето Јивли, саат-кулата и три градски порти, а од споменатите цитруси се изработени и локомотива и голем тепих во традиционален турски дезен.

Тепихот е со вкупна површина од 1.071 метри квадратни и е изработен во знак на сеќавање на победата во битката во Малазгирт.
Градоначалникот на општината Кепез, Хакан Тутунџу, изјави дека фестивалот се организира во периодот на цветање на стеблото на портокалот.
Тој додаде дека целта на фестивалот е да се укаже на важноста на производството на цитросните плодови во Анталија, кое со развојот на туризмот падна во втор план.
Денес во Кепез е отворена и плантажа со портокали, а организаторот најави дека овошјето користено за украсување на градот ќе биде поделено на граѓаните и посетителите на фестивалот.