Ogün Duru
04 Септември 2020•Ажурирај: 05 Септември 2020
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Грција, со лажење за посредување на НАТО, уште еднаш јасно покажала дека не е на страна на дијалогот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу во Анкара ги коментираше актуелните тензии меѓу Турција и Грција на Источниот Медитеран и изјави дека неговиот грчки колега го одбил предлогот за безусловен состанок и разговор.
Тој појасни дека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вчера изјавил дека Турција и Грција се согласиле на предлогот за преговори под покровителство на НАТО, со цел надминување на тензиите на Источниот Медитеран.
„Столтенберг ѝ достави на јавноста информации за предлогот дури откако беше прифатен од двете страни. Грција потоа го демантира НАТО и рече дека не го прифатила предлогот. Во овој случај излажа Грција, а не генералниот секретар“, рече Чавушоглу, и додаде дека Грција на тој начин повторно покажала дека не е за дијалог.
Турскиот министер за надворешни работи, Чавушоглу, исто така рече дека сличен предлог за турско-грчки преговори бил предложен од високиот комесар на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Џозеп Борел.
„И ние веднаш се согласивме со тој предлог за преговори и рековме дека можеме да се состанеме на некое неутрално место, но без предуслови за тоа. Дознавме дека нашиот грчки колега Никос Дендиас го одбил предлогот на Борел“, рече Чавушоглу.
Истакнувајќи дека Франција најмногу ја подбуцнува Грција против Турција, Чавушоглу го повика францускиот претседател Емануел Макрон да се откаже од хистеричната политика која доведува до исмејување на Франција.
Грција го оспорува енергетското истражување на Турција во Источниот Медитеран, со обиди нелегално да го ограничи турското поморско подрачје и да го исцрта кај своите брегови на малите грчки острови во близина на турскиот брег.
Турција, земја со најдолг брег на Медитеранот, испрати наменски бродови за да ги изврши енергетските истражувања во својот континентален појас, велејќи дека Турција и Турската Република Северен Кипар (TRNC) имаат права во тој регион.
Со дијалог за праведна поделба на ресурсите, ќе имаат сите страни, посочуваат турските официјални претставници.