Ercan Canbolat
13 Ноември 2017•Ажурирај: 13 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, разговараше со иранскиот колега Џавад Зариф и му укажа на подготвеноста на Турција на секој можен начин да му помогне на Иран по синоќешниот разорен земјотрес, јавува Anadolu Agency (AA).
Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Ритхер синоќа го погоди северниот дел на Ирак и соседните региони во Иран, а неименуван извор за АА потврди дека шефот на турската дипломатија кратко по земјотресот телефонски разговарал со иранскиот колега Зариф.
Чавушоглу, исто така, упати и порака на сочувство за загинатите најмалку 211 лица и повеќе од 2.500 повредени во западниот ирански пограничен регион.