Mehmet Şah Yılmaz
27 Септември 2020•Ажурирај: 27 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговор со неговиот руски колега, Сергеј Лавров. Според информациите добиени од дипломатски извори, за време на телефонскиот разговор двајцата министри се осврнале на прашањето за ерменската агресија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Азербејџанското Министерство за одбрана денес соопшти дека ерменската Армија околу 6:00 часот отворила провокациски артилериски оган кон позициите на азербејџанската Армија и цивилните населби.
Во соопштението се наведува дека има загинати и ранети цивили како резултат на бомбардирањето на ерменската Армија врз селото Гапанли во областа Тертер, селата Чиракли и Орта Гаванд во Агдам, селата Алханли и Шуќурбејли во Фузули и селото Чоџук Мерџанли во областа Џебрајил.
Азербејџанската Армија, според соопштеното, одговорила на непријателските провокации за да се осигури безбедноста на луѓето што живеат во областите близу до границата.