Behlül Çetinkaya, Nazlı Yüzbaşıoğlu, Fuat Kabakcı
08 Јуни 2022•Ажурирај: 09 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денеска во Анкара изјави дека планот на Обединетите нации (ОН) за транспортен коридор на пченица е разумен и остварлив, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Зборуваме за механизам што може да се воспостави меѓу ОН, Русија, Украина и Турција, веруваме дека тоа е разумен и остварлив план“, рече Чавушоглу на прес-конференцијата по средбата со рускиот колега Сергеј Лавров, додавајќи:
„Верувам дека заеднички треба да го отвориме патот за извоз на производи од Русија и Украина кои се извезуваат во светот.“
Чавушоглу се осврна на војната меѓу Русија и Украина, велејќи: „Гледаме дека има попозитивна атмосфера за враќање на преговорите отколку пред неколку недели.“
Една од темите на разговор со Лавров беше и ситуацијата на северот на Сирија, односно терористичката закана од тој дел на Сирија.
„Терористичките организации кои се закана за територијалниот интегритет на Сирија и стануваат сѐ поголема закана за нас, мора да бидат расчистени од оваа земја“, рече Чавушоглу.