Tuğrul Çam
03 Август 2018•Ажурирај: 04 Август 2018
СИНГАПУР (AA) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, состанокот со американскиот колега, Мајк Помпео, го оцени како конструктивен, порачувајќи дека во наредниот период ќе соработуваат за решавање на проблемите, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот министер по состанокот во Сингапур рече дека во наредниот период ќе соработуваат со цел решавање на проблемите. Чавушоглу смета дека помеѓу земјите можат да постојат разлики во мислењата, но дека Турција секогаш е за дипломатија, дијалог и меѓусебен договор.
„Реков дека заканите и санкциите не водат никаде. Денеска го повторивме тоа. Мислам дека разбра“, рече Чавушоглу и додаде:
„На состанокот со Помпео разговаравме за тоа како да ги решиме проблемите и како заедно да преземеме чекори. Во таа смисла, можам да речам дека беше конструктивен состанок. Меѓутоа, не може да се очекува на еден состанок да се решат сите кризи или проблеми“.
Разговарано е и за јакнење на односите меѓу двете земји, работна група за борба против терористите на ПКК, како и за ситуацијата во Идлиб. Додаде дека денешниот состанок поминал во конструктивна атмосфера која била насочена кон решавање на проблемите.