Sena Güler
20 Февруари 2018•Ажурирај: 20 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес изјави дека секој кој се грижи за граничната безбедност на Сирија и нејзиниот интегрит, го преферира присуството на Турција во регионот отколку присуството на терористичката група ЈПГ/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Во интервју за турската телевизија „Kanal 24“ (Канал 24), Чавушоглу изјави дека ЈПГ/ПКК има за цел да ја подели земјата и се обидува да воспостави терористички коридор.
Зборувајќи во врска со неодамнешните тврдења за наводен договор меѓу ЈПГ/ПКК и режимот на Башар ал-Асад околу Африн, Чавушоглу додаде: „Очигледно е дека тие (силите на режимот) сè уште не се влезени во Африн, но во регионот доаѓаат уште терористи особено од исток“.
Тој нагласи дека режимот на Асад е неодлучен дали е подобро таму да биде ЈПГ/ПКК или пак Турција. „ЈПГ сака да ја подели Сирија, Асад тоа го знае. Тој (Асад) исто така вели дека ЈПГ е терористичка група“, истакна Чавушоглу.
Тој нагласи дека треба да се прави разлика меѓу курдското население кое живее во Африн и ЈПГ/ПКК.
„Нашите курдски браќа се навистина среќни што турските војници (Mehmetcik) се во Африн, тие раскажуваат за нивниот прогон од страна на ЈПГ/ПКК“.
Чавуштоглу истакна дека целта на Турција е да го расчисти тој регион од терористите, да ги врати градовите на нивните сопственици и да им овозможи на бегалците, особено од Турција, да се вратат во своите домови.
„Она што го правиме е важно за единството и интегритетот на Сирија во иднина, а јасно е што прават терористите на ЈПГ/ПКК“.
- Операцијата „Маслинова гранка“ -
Турскиот министер Чавушоглу нагласи дека доколу силите на сирискиот режим влезат во Африн да се борат против терористичката група, тоа не претставува никаков проблем за Турција. „Но доколку режимот влезе за да ги поддржи и заштити ЈПГ/ПКК-ДЕАШ, тогаш никој не може да ја запре турската војска“.
Прорежимската сириска новинска агенција САНА вчера објави дека прорежимски сили наречени „народни сили“ ќе влезат во Африн за неколку часа.
Се вели дека терористичките организации ЈПГ/ПКК-ДЕАШ одржале разговори со сирискиот режим, откако се ослободени повеќе од 80 различни стратешки области во рамките на операцијата „Маслинова гранка“.
Според турскиот Генералштаб, операцијата е започната со цел воспоставување безбедност и стабилност долж турската граница и регионот, како и за заштита на сириското население од угнетувањето и суровоста на терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ.
Чавушоглу се осврна и на прашањето за недостатокот на доверба помеѓу Турција и САД и рече дека Турција очекува од Вашингтон конкретни чекори. „Нашиот прв состанок ќе биде одржан во првата половина од месец март“.
Тој нагласи дека тие се соочуваат со тие спорни прашања бидејќи претходната влада на САД не успеала да ги одржи своите ветувања.
Чавушоглу истакна дека одржувањето на овие ветувања ќе биде проследено заеднички од двете земји преку механизам, кој допрва треба да се воспостави.
„(Прашањето) за ФЕТО е во првата (работна) група... Во втората група е само Сирија“, рече тој.