Sibel Kurtoğlu
30 Септември 2017•Ажурирај: 01 Октомври 2017
КОЏАЕЛИ (AA) – Премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим денеска во турскиот град Коџаели порача дека Регионалната курдска управа на северот на Ирак е исклучиво одговорна за сите случувања кои ќе следуваат по спроведување на нелегитимниот референдум, јавува Anadolu Agency (AA).
„Таму не живеат само нашите браќа Курди, туку и други бројни етнички групи. За случувањата кои ќе следуваат искучиво е одговорна Регионалната курдска управа на северот на Ирак, која со инает, алчност и поради политички цели се игра со оган, без да сослуша мислење од останатите (етнички групи во регионот)", порача Јилдирим.