Mümin Altaş
03 Мај 2016•Ажурирај: 04 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Во терористички напад изведен од страна на терористичката организација ПКК во областа Шемдини во југоисточната турска покраина Хаккари, загинаа двајца војници на турските безбедносни сили. Во операцијата која беше организирана по нападот неутрализирани се петмина терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на интернет страницата на Генералштабот се вели дека вчера членови на терористичката група извршиле ракетен напад и напад со автоматски пушки на делови од воената база Хабешти, при што загинале двајца војници.
Во операцијата организирана по нападите, неутрализирани се петмина терористи, се соопштува од Генералштабот.