Vesna Besic
04 Декември 2021•Ажурирај: 05 Декември 2021
АТИНА (АА) - Папата Франциск пристигна во Атина, главниот град на Грција, во вториот дел од својата посета на Источен Медитеран, известува Агенција Анадолија (АА).
Претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулос, го пречека папата Франциск во Претседателската палата во Атина.
Посетата на папата Франциск ќе ги поттикне односите меѓу Православната и Католичката црква, како и односите меѓу Грција и Ватикан.
Папата би требало да го посети бегалскиот камп на грчкиот остров Лезбос. Ова ќе биде негова втора посета од 2016 година.