Hatice Şenses Kurukız,Semra Orkan,Etem Geylan
28 Декември 2015•Ажурирај: 28 Декември 2015
БЕЛГГРАД (АА)- Турскиот премиер Ахмет Давутоглу допатува денес во дводневна официјална посета на Република Србија, јавува Anadolu Agenncy (AA).
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу, рече дека трендот на интензивирање на односите помеѓу Турција и Србија е од голема важност за двете земји, а и за мирот и стабилноста во регионот.
Непосредно пред заминувањето за Белград, премиерот Давутоглу одржа конференција за новинарите на аеродромот "Ататурк" во Истанбул и во таа пригода истакна дека и претходно ја посетувал Србија, но дека за прв пат оди во официјална посета на таа земја во својство на турски премиер.
Давутоглу рече дека Турција и Србија не се соседи, во смисла да делат заедничка граница, но дека Србија е исклучително, поради многу причини, важна земја поради што Турција ја третира како соседна.
"Односите кои ги развивме во последните четири или пет години станаа ’рбет на политичката стабилност на Балканот. Тие односи имаат историска и културна позадина. Денес ќе разговараме за тоа што можеме да направиме врз тие темели. Дел од нашата делегација се и ректори на три универзитети, кои ќе имаат состаноци во текот на оваа посета. На економски план имаме голем потенцијал. Минатата година остваривме трговска размена од 700 милиони долари, а оваа година изгледа направивме напредок. Со цел тоа додатно да се унапреди, во посета на Србја дојдовме и со широка делегација стопанственици. Вечерва, со уважениот колега Александар Вучиќ, ќе одржиме Турско-српски бизнис форум", рече Давутоглу.
Истакнувајќи дека во текот на дводневната посета на Србија ќе се одржат низа состаноци на кои ќе се разговара за соработката во областа на трговијата, туризмот, транспортот, енергетиката и здравството, Давутоглу рече дека официјална Анкара внимателно ги следи политичките и други случувања на Балканот, и дека по парламентарните избори во Турција, по први ноември, веќе се направени неколку важни чекори, вклучувајќи ја и неодамнешната посета на членовите на Претседателството на БиХ на Анкара и придобивање на поддршката за напредок во рамките на транзицијата и НАТО сојузот.
"Република Турција како и досега, решително ќе придонесува за воспоставување на траен мир и стабилност на Блаканот, како во процесите за унапредување на односите помеѓу Босна и Херцеговина и Србија, како и помеѓу Србија и Косово", изјави Давутоглу.
Во текот на дводневната официјална посета на Србија, Давутоглу ќе се состане со српскиот колега, но и со други високи функционери на Србија, вклучувајќи ги претседателот и челникот на парламентот на Србија.
Давутоглу денеска ќе присуствува и на свеченото отворање на канцеларијата на Турскиот културен центар "Јунуз Емре" во Белград и ќе ја посети тврдината Калемегдан. Турскиот премиер во вторник ќе го посети Нови пазар со што ќе ја заврши посетата на Србија.