Муслиманите во Франција стравуваат од излив на непријателство
- Француски исламски активисти и граѓани изјавија за Anadolu Agency дека се чувствуваат под притисок по париските напади Hajer M'tırı
20 Ноември 2015•Ажурирај: 21 Ноември 2015
ПаризПАРИЗ (АА) - Само една недела по смртоносните терористички напади во Париз, многумина муслимани во Франција се плашат од реакциите на државата и десничарските политичари, повеќе, отколку што се плашат од поединечни изливи на исламофобија.
Француски муслимански активисти и граѓани за Anadolu Agency изјавија дека комбинацијата на реторика од одредени медиумски личности и политички лидери ја стереотипизираат целата заедница.
Само во последната недела, 24 антимуслимански инциденти биле регистрирани - вклучувајќи и напади против жените со марами - објави вчера Националната опсерваторија против исламофобија.
Овие бројки се однесуваат само на оние претставки кои биле поднесени до полицијата.
Меѓутоа, заедницата стравува од наметнување строги владини мерки врз исламските институции повеќе отколку што стравува од индивидуалните антиисламски реакции, кажа Јасер Луати, портпарол на Колективот против исламофобија во Франција (CCIF).
„Последиците од париските напади врз муслиманите во Франција ќе бидат страшни. Само неколку часа по нападите, ние веќе добивме поплаки од луѓе кои се нападнати“ вели Луати за Anadolu Agency.
Некои политичари, вклучувајќи го и десничарскиот лидер на францускиот Национален фронт, Марин Ле Пен, побараа затворање на „радикалните“ џамии и поставување на ограничувања на над 10.000 или индексирани како можни закани за државата.
Овие коментари предизвикаа страв кај многу француски муслимани.
„Ние не можеме да се бориме против тероризмот преку мерките за безбедност; ќе мора да се победи прво идеолошката битка“, рече Луати
„Што се однесува до повиците за затворање на „радикалните“ џамии: прво, како ја дефинирате „радикалната“ џамија и ако тие постојат, тие, најверојатно, ќе се затвореа одамна од страна на властите?“.
„Ако сте муслиман и ја практикувате вашата религија, одите во џамија, се активни сте во здруженија, и доколку името ви звучи „странски“ - ќе може да се плашите дека вашиот профил е подготвен за стереотипизација, особено во овој контекст, каде што владата гледа сè црвено“, рече Ихсен, 27-годишна муслиманка од Франција, инженер по професија.
„Но и покрај заканите, добивме огромна солидарност, илјадници мејлови и пораки говореа:
„Ние сме со вас“, муслиманите немаат причина да се извинуваат.“
„Ние ја знаеме разликата. Ние правиме разлика помеѓу идеологија и религија“, рече Луати.
Францускиот Претседател Оланд во овој контекст вчера изјави:
„Франција реагира на омразата со братство, на теророт со законот, а на фанатизмот со надеж.“