?????
08 Ноември 2015•Ажурирај: 09 Ноември 2015
Десет цивили ги загубија животите во саботата откако сириските воени авиони ги бомбардираа резиденцијалните делови на Дума, северозападниот дел на Дамаск, изјави за Anadolu Agency извор од сириската цивилна заштита.
Изворот рече дека околу дваесетина се повредени во нападот.
Тимот на Цивилната одбрана побрза на местото да го изгасне пожарот и во потрага по преживеани под урнатините.
Опозициски контролираната Дума е под опсада на сирискиот режим, кој спречува дотурот на залихи кон градот што од скоро искуси прекин на електричната енергија поради постојаните бомбардирања.
Најмалку 250.000 луѓе загинаа од почетокот на конфликтот во Сирија во 2011 година, 7,6 милиони се внатрешно раселени а над четири милиони пребегаа во блиските земји.