?????
07 Ноември 2015•Ажурирај: 13 Ноември 2015
Илјадници луѓе од цела Шпанија се собраа во Мадрид за да протестираат против семејното насилство, пренесува Anadolu Agency (АА).
Членовите на 380 регионални и 70 државни феминистички организации се приклучија на претставниците на најголемите политички партии во Шпанија, синдикатите и невладините организации кои се занимаваат со прашањата поврзани со родовата еднаквост.
Пред присутните се обрати Ангела Гонзалес, мајка на една од жртвите на семејното насилство.
Нејзината ќерка беше убиена од нејзиниот насилен сопруг. Гонзалес зборуваше во спомен на сите оние кои ги загубија животите како жртви на семејно насилство.
Таа истакнува дека од 1995 година, се убиени повеќе од 1.390 жени во Шпанија. Исто така, оваа година се евидентирани 84 случаи на насилство, каде жртвите се жени, а сторителите се мажи.
Организаторите велат дека 21.000 луѓе допатуваа во Мадрид за да бидат дел од овој настан.
Некои од нив, пристигнаа и со авиони од Балеарските и Канарските острови.