Can Erözden
05 Декември 2015•Ажурирај: 05 Декември 2015
Анкара (АА) - Русија го активираше својот пропаганден систем „Правда“ од ерата на Студената војна против Турција, како што тоа го правеше во текот на украинската криза во согласност со своите политички интереси, јавува Anadolu Agency (AA).
Москва ја користи пропагандата на весникот „Правда“ против Турција откога го собори рускиот SU-24 поради нарушување на турскиот воздушен простор и покрај предупредувањата, на 24-ти ноември.
Сепак, неколку натписи раководени од страна на руските медиуми се покажаа тотално неточни. На пример, Руската новинска агенција Спутник, тврдеше дека францускиот постојан претставник во НАТО, Жан-Баптист Матеи, изјавил дека „Tурција ги укинува операциите против ДАЕШ“, иако, Матеи лично нагласи дека приказната на Спутник е лага.
Исто така, руски медиуми тврдеа дека поседуваат слика од синот на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, Билал Ердоган, со членови на ДАЕШ. Иако, сликата покажува луѓе со бради кои седат покрај Билал Ердоган а всушност се „Браќата Камбер“, сопственици на ресторан во Истанбул.
Згора на тоа, многу руски воени лица тврдеа дека терористичката организација ДАЕШ продава нафта преку Турција и воедно рекоа дека ќе ги покажат рутите на таквата испорака на карта; но се испостави дека тие рути всушност се под контрола на режимот на Башар ал-Асад и PYD (сирискиот огранок на терористичката ПКК), силно поддржувани од руската влада.
Исто така, поранешниот вработен во руската информативна агенција Новости, експерт за пропаганда, Василиј Гатов изјави дека: „Руските државни телевизии сега ги користат триковите за Сирија како што прават со Украина“
Високиот политички соработник во Европскиот совет за надворешни односи, Ендрју Вилсон, нагласи дека „Правда новинарството“ има само една порака иако се менува од време на време.
„Единствената порака на „Правда новинарството“ е поддршка на рускиот став во Украина и Сирија, и предизвикување на збрка надвор од Русија“, рече Вилсон.
По формирањето на Советскиот Сојуз, весниците се опишуваа како „прпоаганда за луѓето и за агитација“. Советските медиуми, изградени врз оваа традиција, се користеа како најефективното оружје во политички, економски, културни и идеолошки аспекти за правење на пропаганда во ерата на Студената војна.
Во текот на Сојускиот период, Русите им го трасираа патот на луѓето како што тие сакаа, отсликувајќи ги „вистините“ во согласност со интересите на владата и го зачувуваа комунизмот жив преку весникот „Правда“, кој беше официјален медиумски орган на Централниот Комитет на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз.