Nuran Erkul
06 Декември 2015•Ажурирај: 07 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Следи посепфатна работа за завршување на Транс Анадолискиот гасоводен проект (TANAP) порано од планираното, секоја секунда е драгоцена во тој процес, изјави денес претседателот на SOCAR Турција, јавува Anadolu Agency (АА).
Во интервју за АА, Кенан Јавуз, претседателот на SOCAR Турција, изјави дека Турција и Азејрбеџан одлучија да ja зголемат политичката поддршка за завршување на проектот на побрз начин.
Како резултат на соборувањето на рускиот авион поради нарушување на турскиот воздушен простор, односите помеѓу Турција и Русија се заладија а Русија најави санкциони мерки против Турција.
Анкара одговори дека не може да биде сметана за одговорна поради одбрана на своите граници. Турција, исто така, објваи дека владата работи на можни економски мерки против Москва, исто така.
Турција започна да бара алтернативни извори за намалување на својата зависност од рускиот гас. Во тој контекст, турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го посети Катар и потпиша Меморандум за купување течен гас од таа земја. Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, го посети Азејрбеџан на преговори со тамошни претставници за забрзување на завршниот процес од страна на Азејрбеџан како и зголемување на капацитетот на природен гас кој ќе доаѓа од таа земја.
„Како оператори на TANAP, ќе направиме сè што е можно за завршување на проектот порано. Работните часови и обезбедувањето на опремата која се користи во изградбата ќе биде согласно таа цел. Планирано е да се заврши во три конструкциски сезони“, објасни Јавуз.
„Секој миг е драгоцен за нас, и ние нема да го потрошиме“, потенцираше тој.
Јавуз изјави дека Турција ќе може да користи над 6 милијарди метри кубни природен гас кој ќе доаѓа преку TANAP. „Бидејќи не сме одговорни за изградбата на европскиот крак на Јужниот гасен коридор, Транс јадранскиот цевковод (TAP),затоа, додека не се заврши со изградбата, Турција може да користи повеќе од планираното“, рече тој.
TANAP има капацитет од 16 милијарди метри кубни природен гас. Турција ќе користи 6 милијарди а останатите 10 милијарди метри кубни гас ќе бидат пренесувани кон Европа
Капацитетот на TANAP во иднина ќе се зголеми на 31 милијарди метри кубни.
„Во периодот од 2023-2026 година кога капацитетот на ТАNAP ќе се зголеми на 31 милијарди метри кубни, ќе има поголема можност за Турција, бидејќи кога ќе има потреба, сите дополнителни капацитети може да се користат во Турција. Исто така, кога туркменистенските резерви со гас ќе се поврзат со TANAP, достигнувањето на капацитетот од 31 милијарда метри кубни може да се изведе многу побргу.
Турскиот претседател Ердоган ќе го посети Туркменистан на 11-12-ти декември. Се очекува да одржи одредени преговори за можна трговија со гас помеѓу Турција и Туркменистан.