Stipe Majic
21 Ноември 2019•Ажурирај: 22 Ноември 2019
ЗАГРЕБ (AA) - На самиот завршеток на вториот ден од Конгресот на Европската народна партија (ЕПП) собраните ги поздрави претседателот на на владата на Хрватска, Хрватската демократска заедница и домаќин на Конгресот на Европската народна партија, јавува Агенција Анадолија.
Пленеарната седница на завршниот ден од Конгесот на ЕПП беше посветена на изнаоѓање на политики за соочување со климатските промени, а дел од програмата беше посветен и на изброт на вршители на должности на високите тела на ЕПП, на чиј врв вчера со мнозинство гласови е избран Доналд Туск.
На Конгерсот е истакнато дека ЕПП се залага за укинување на субвенции за фосилни горива и преусмерување на поддршката кон технологиите за собирање, складирање и повторно користење на на јаглероден диоксид.
Андреј Пленковиќ, говорејќи за приоритетите кои Хрватска ќе ги има во текот на своето претседавање со ЕУ во првата половина на 2020 година, нагласи дека ќе се залага за бришење на границите кои сеуште постојат помеѓу развиениот и помалку развиениот дел на Европа, како и за јакнење на внатрешниот европски пазар, со создавање нови работни места и можност за работа за сите европски граѓани.
Посебно е укажано дека е потребно да се изнајде одговор на постоечкиот проблем на одливот на мозоци и на депопулација на руралните краишта во речиси половина од државите членки.
„Потребна ни е заедничка миграциска политика и потполно функционален состав на азилот", порача Пленковиќ.
„Цврсто веруваме дека Европа мора да биде заштитена од миграциите на грчката и бугарската граница и дека мора да биде пронајдено долгорочно решение со Турција", рече Пленковиќ.
Порача дека е потребно да се работи на стабилност и унапредување на Западен Балкан и повторно искажа жалење поради неотворање преговори за пристапување во ЕУ со Северна Македонија и Албанија.
„За нас посебен акцент останува на Босна и Херцеговина. Нашите соседи во југоисточна Европа исто така се наш приоритет во текот на нашето претседавање и се надевам на успех на самитот на земјите од Западен Балкан кој ќе се одржи во мај 2020 година", порача Пленковиќ.
Хрватскиот премиер изрази очекување дека тој самит ќе биде референтна точка за односот на ЕУ и земјите од Западен Балкан во годините што доаѓаат.