Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
Балкан

„Секој втор млад граѓанин сака да ја напушти Македонија“

„Младите луѓе мигрираат и внатре во државата, од помалите средини во поголемите центри, најчесто во Скопје. Сега е тој тренд на иселување во државата. Според нашето истражување, секој втор граѓанин сака да ја напушти државата“, истакна Стојчевски
Besar Ademi
05 Јули 2017•Ажурирај: 06 Јули 2017
„Секој втор млад граѓанин сака да ја напушти Македонија“
Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Во Чифте Амам во Старата скопска чаршија, во организациа на Македонскиот центар за меѓународна соработка „Цивика Мобилитас“, се одржа форум на темата „Предизвици, перспективи и потенцијали на миграциите“, каде што се дискутираше за иселувањето и мобилизацијата на младите, лекарите и уметниците, влијанието на миграциите во бизнис секторот и во другите сектори, како и за улогата на граѓанскиот сектор во справувањето со миграциите, јавува Anadolu Agency (AA).

Форумот беше поделен на неколку панел-дискусии, а меѓу големиот број панелисти од различни граѓански здруженија во земјата беше и министерот без ресор на Владата на Македонија одговорен за дијаспората, Едмонд Адеми.

Адеми нагласи дека Владата на Македонија за првпат во својата историја на независноста, ги подигна односите меѓу државата и македонските емигранти на политичко ниво, со именување на еден министер одговорен за дијаспората. Според него, со именувањето министер одговорен за дијаспората, Владата покажува дека дијаспората има големо значање за македонската држава.

Во врска со прашањето какви мерки ќе преземе владата за да го спречи иселувањето на голем број млади од Македонија во европските земји, Адеми рече дека во денешно време е тешко да се спречи иселувањето, но оти е важно да се создаде стратегија за соработка со дијаспората, за да се користи нивниот капацитет за развојот на Македонија.

„Живееме во 21. век, глобализацијата го прави своето, и како таква, миграциите се нормален процес во целиот свет, не само кај нас. И од сиромашни земји се мигрира кон побогати земји, а се мигрира и од богати кон богати земји. Во овој период е важно, кога ќе ја мапираме дијаспората, да знаеме точно колку реално имаме луѓе во државата и не само како бројка туку тоа да го направиме, за да ја знаеме не само етничката, туку професионалната, полната и другите структури. Тоа е потребно да се направи со цел, овие луѓе, да бидат во служба на општеството и негиовиот развој“, рече министерот Адеми.

- „Иселувањето помасовно од југозападниот дел, југоисточниот дел е испразнет“

Од друга страна, претседателот на Младинскиот сојуз – Крушево, Методија Стојчески, кој во последните две години го истражува прашањето на миграцијата на младите од Македонија, истакна дека според истражувањата на неговото здружение, секој втор млад човек има за цел да ја напушти Македонија.

„Младите луѓе мигрираат и внатре во државата, од помалите средини во поголемите центри, најчесто во Скопје. Сега е тој тренд на иселување во државата. Според нашето истражување, секој втор граѓанин сака да ја напушти државата“ , истакна Стојчевски.

Тој додаде дека иселувањето на младите се случува повеќе од југозападните градови на земјата. Исто така, додава дека од североисточните градови на земјата веќе сите млади се иселени внатре или надвор од државата. Причините за иселувањето, како што рече тој, се економски, потрага по вработување и подобри услови за живот.

related_topics:
МиграцииЕдмонд Адемидијаспора
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Писма и снимки на Сребреничани што никогаш не стигнаа на бараната адреса

Писма и снимки на Сребреничани што никогаш не стигнаа на бараната адреса

Следно

„Владата прави чекор за сериозен пробив кон евроатлантските интеграции"

„Владата прави чекор за сериозен пробив кон евроатлантските интеграции"

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Средбата Трамп - Си во Пекинг заврши по повеќе од 2 часа

Иран: Планот за „паметно управување“ со Ормускиот Теснец финализиран во комисијата на Парламентот

Германската шпионска агенција купи европска алтернатива на Палантир поради загриженост за доверливоста

Над 1.700 лица затворени на крузер во францускиот град Бордо по смртта на патник

Зеленски пристигна во Романија за учество на самитот на Букурешката деветка

Белгија и Холандија потпишаа договор за соработка во областа на нуклеарната енергија

Медведев се пошегува дека Западот станал „поблизок“ по успешното тестирање на руската ракета

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Загреб: Со оставање на чевли граѓаните укажаа на стотици илјади иселени од Хрватска

Загреб: Со оставање на чевли граѓаните укажаа на стотици илјади иселени од Хрватска

Турција: Фатени се 166 мигранти при обид за илегален влез во Грција

Турција: Фатени се 166 мигранти при обид за илегален влез во Грција

Започна самитот „Миграции долж Балканската рута“ во Виена

Започна самитот „Миграции долж Балканската рута“ во Виена

Спасовски: Високите sидови не можат да го решат проблемот со миграциите

Спасовски: Високите sидови не можат да го решат проблемот со миграциите

ОН: Од почетокот на акцијата за ослободување на Мосул мигрирале повеќе од 7.000 луѓе

ОН: Од почетокот на акцијата за ослободување на Мосул мигрирале повеќе од 7.000 луѓе

Турција:  Во Чанаккале за десет месеци фатени 21.000 мигранти

Турција: Во Чанаккале за десет месеци фатени 21.000 мигранти

Попоски ќе учествува на меѓународната конференција за миграции во Виена

Попоски ќе учествува на меѓународната конференција за миграции во Виена

Миграциите во Велика Британија достигнаа нов рекорд пред Брегзит

Миграциите во Велика Британија достигнаа нов рекорд пред Брегзит

Во Скопје презентирано истражувањето „Миграција, услуги, интеграција“

Во Скопје презентирано истражувањето „Миграција, услуги, интеграција“

Фатени 23 мигранти во обид да влезат во Грција

Фатени 23 мигранти во обид да влезат во Грција