СКОПЈЕ (АА) - Здружението за борба против рак „Борка - за секој нов ден“ денеска на градскиот плоштад во Скопје организираше прошетка под мотото „Напред розово - чекори против ракот на дојка“ со цел да ја подигне свеста кај јавноста и кај институциите за рано откривање и превенирање на ракот на дојката за да постои поголема можност за посоодветно справување со оваа широкораспространета болест, јавува Anadolu Agency (AA).
Со прошетката е во организација на Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден“ со што ќе почне тримесечната кампања за борба против оваа болест.
Претседателката на Здружението за борба против рак „Борка - за секој нов ден“ во изјава за медиумите рече дека е потребно јавноста и релевантните институции да посветат поголемо внимание на ракот на дојката кај жените, потенцирајќи дека бројката на заболените лица во светот и во Македонија се зголемува.
„Оваа прошетка ја правиме со цел да ја подигнеме пред се свесноста за ракот на дојката како потенцијално излечива болест, да ги разбиеме сите оние табу теми за ракот, да им помогнеме на сите оние коишто се соочуваат со оваа тешка болест да излезат од своите домови, да се социјализираат, затоа што оваа болест не е само нивна туку заедничка, на сите нас", изјави Додева.
Посочи дека здружението коешто таа го предводи се залага болните од ракот на дојка да имаат адекватен и наврмен третман, се со цел да им се спаси или продолжи животот на болните. Додева додаде дека апелот на здружението „Борка" за деветтата по ред прошетка е дека болните не треба да бидат сами во битката против болеста и да им порачаат на сите здравствени институции и одговорни лица да се вклучат во заедничката борба.
„Секој ден по 4 жени заболвуааат од рак на дојка само во Република Макеоднија. Статистиката брои околу 1200 нови заболени случаи само во земјава. Кога започнувавме со Борка имаше 600 заболени, а сега забележувате, таа бројка е двојно поголема", истакна Додева и порача дека крајна цел на сите нивни активности е да се имплементира Националната стратегија за контрола на ракот.
Додева рече дека Македонија е на трето место по смртност од сите малигни заболувања во Европа.
Прошетката „Напред розово - чекори против ракот на дојка“ веќе 9 години наназад ја поддржува Амбасадата на Соединетите американски држави (САД) во Скопје, а амбасадорот на САД, Џес Бејли рече дека му претставува задоволство да учествува на настан којшто има за цел да се бори против една од поактуелните болести не само во Македонија, туку и во светот.
Тој потсети дека во далечната 1983 година овие прошетки започнаа во Далас,Тексас, во САД, каде се собраа 800 луѓе да чекорат заедно против ракот на дојката. Тој укажа и дека оваа година преку 2 милиони луѓе секаде ширум во светот во организираните прошетки ќе учествуваат во поддршката против ракот на дојката.
„Ваквите прошетки и ваквите активности имаат важна цел, а тоа е да посочат како треба да се превенира и како треба да се третира ракот. Да ги охрабрат жените коишто веќе ја имаат дијагнозата рак на дојка и да ја поддржат целата заедница којашто е афектирана од оваа болест. Важно да се знае е дека минатата година се дијагностицирани 1,7 милиони новозаболени лица, мажи и жени, на светско ниво од ракот на дојката", изјави Бејли.
Освен стотици поддржувачи на борбата против ракот на дојката кои дојдоа од неколку градови од земјава, на денешната симболична прошетка присуствуваше и министерот за здравство на Република Македонија Арбен Таравари.
На настанот присуствуваа и голем број деца кои со игри и песни ја збогатија денешната активност на која се повикува на рано превенирање на ракот на дојката кај жените.
news_share_descriptionsubscription_contact
